ПРВ.мк
Македонија

Се претставил како криминалец и барал заштита за пари: ОЈО отвори истрага

Се претставил како криминалец и барал заштита за пари: ОЈО отвори истрага

Основното јавно обвинителство Скопје покрена истражна постапка против тројца осомничени за изнуда. Првиот осомничен, во периодот од 16 до 18 септември, се претставил како член на криминална група и му побарал на оштетениот 1.000 евра за „заштита“ од други лица, заканувајќи се со смрт и запалување на куќата. Оштетениот првично му дал 30.000 денари, а потоа пријавил во полиција.

При предавање на остатокот од парите, осомничениот е уапсен на лице место со пронајдени парите. Истражната постапка опфаќа и две други лица кои во повеќе наврати изнудувале 27.000 евра од истото лице, убедувајќи го дека парите се наменети за трети лица.

Јавниот обвинител предложи притвор за првиот осомничен и мерки на претпазливост за останатите двајца, вклучувајќи задолжително јавување во суд и забрана за приближување до оштетениот и неговото семејство.

Escape