ПРВ.мк
Свет

САД подготвуваат продажба на оружје за Израел вредна 6 милијарди долари

САД подготвуваат продажба на оружје за Израел вредна 6 милијарди долари

САД планираат да му продадат на Израел оружје во вредност од 6 милијарди долари, вклучувајќи 30 хеликоптери „АПАЧИ“ „АХ-64“ за 3,8 милијарди долари и 3.250 пешадиски јуришни возила за 1,9 милијарди долари, објави „Волстрит џурнал“ повикувајќи се на добро информирани извори.

Испораката на оружјето најверојатно ќе се одвива во рок од две до три години, а плаќањето ќе се врши преку програмата за финансирање на странска војска обезбедена од САД. Продажбата сè уште бара одобрение од водечките републикански и демократски лидери во Конгресот и Сенатот.

Овој договор бил првпат предложен пред еден месец, пред израелскиот напад врз лидерите на Хамас во Катар на 9 септември, и сè уште е во процес на одобрување од администрацијата на САД.

Escape