Утре, 21 септември, во општина Зрновци ќе се постави камен-темелник за изградба на Дом за стари лица, како дел од приватната инвестиција на компанијата „ЕКО ПАК ХИТ“ – Кочани. На настанот ќе присуствува премиерот Христијан Мицкоски, заедно со градоначалникот Борчо Коцев и претставник од инвеститорите, а митрополитот Иларион ќе го освети темелот на објектот.
Проектот ќе овозможи подобри услови за грижа на возрасната популација и претставува значајна инвестиција за општината.