ПРВ.мк
Македонија

Претреси: Две лица лишени од слобода, пронајдена дрога

Претреси: Две лица лишени од слобода, пронајдена дрога

На 18 септември 2025 година, полициски службеници од СВР Штип извршија претреси на два објекта во Штип, врз основа на судска наредба.

Првиот претрес беше кај Н.Ј. (20), при што беа пронајдени дробилка, марихуана и бела грутчеста материја. Лицето е лишено од слобода, а јавен обвинител е известен за случајот. По документирање ќе следи соодветна пријава.

Вториот претрес се изврши кај Г.Н. (48), каде беа пронајдени бела грутчеста и бела прашкаста материја, марихуана, пакување со семки од растение и пари. И Г.Н. е лишен од слобода, а по документирање ќе биде поднесена пријава.

Escape