ПРВ.мк
Црна Хроника

Приведен германски државјанин на ГП Табановце, кај него пронајдена дрога

Приведен германски државјанин на ГП Табановце, кај него пронајдена дрога

На 19 септември 2025 година, во 05:50 часот на граничниот премин Табановце, полициски службеници го лишиле од слобода 39-годишниот Н.М.Т. од Германија, кој управувал патничко возило „Рено Клио“ со германски регистарски ознаки.

При гранична контрола и преглед на личниот багаж, кај него биле пронајдени бела прашкаста материја, кафеава грутчеста материја и марихуана, кои се одземени.

Известен е јавен обвинител, а по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Escape