Основното јавно обвинителство Струга отвори истрага против 34-годишен жител на Велешта за неовластено изработување и држење оружје, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи, предизвикување општа опасност и напад врз службено лице.
Според пријавата, на 16 септември, осомничениот, за време на расправија со три лица од Дебар, извадил пиштол и испукал неколку истрели кон еден од оштетените, при што му нанел две лесни телесни повреди во нозете. Потоа се обидел да избега со автомобил, но при тоа не ја почитувал наредбата на полицаец и движејќи се наназад го удрил службеникот, предизвикувајќи му телесна повреда.
При увид биле пронајдени и нож и метална шипка, за кои се вршат дополнителни проверки. Јавниот обвинител поднел предлог за определување притвор за осомничениот.