ПРВ.мк
Црна Хроника

Вечерва тешка сообраќајка – првични инфорамции

Вечерва тешка сообраќајка – првични инфорамции

Вечерва на булевар „Србија“ во Скопје се случи тешка сообраќајна несреќа во која учествувале две патнички возила. Ударот се случил нешто пред осум часот, на една од најфреквентните крстосници во градот.

Повеќе од два и пол часа по инцидентот, булеварот сè уште не е целосно расчистен, што предизвикува дополнителни застои и големи гужви во сообраќајот.

Екипи на полицијата веднаш пристигнале на местото на несреќата и вршат увид, а возилата се уште не се тргнати од коловозот. Засега нема официјални информации за евентуални повредени лица.

Очевидци велат дека на местото владее хаос и возачите се движат со големо доцнење. Надлежните најавуваат дека по завршувањето на увидот сообраќајот ќе биде нормализиран.

Escape