ПРВ.мк
Македонија

ОД ПЕТОК СТРОГИ КАЗНИ: Пешаците и велосипедистите ќе плаќаат казни за користење мобилен

ОД ПЕТОК СТРОГИ КАЗНИ: Пешаците и велосипедистите ќе плаќаат казни за користење мобилен

Од петок, 26 септември, стапуваат на сила новите законски измени со кои пешаците и возачите на велосипеди, мотори и тротинети ќе бидат парично казнети доколку користат мобилен телефон или друг електронски уред за време на движењето.

Според правилникот, преминување улица со мобилен ќе се казнува со 40 евра, а возење велосипед, мотор или тротинет со мобилен, слушалки или смарт часовник – со 50 евра.

Системот „Сејф сити“ е веќе легализиран и од Новата година ќе почне со реални казни преку камери. До тогаш, „Безбеден град“ ќе функционира пробно, но казните на терен ќе ги изрекуваат сообраќајците.

Со ова, властите најавуваат дека целта е намалување на сообраќајните несреќи и воведување поголема дисциплина на улиците.

Escape