ПРВ.мк
Свет

Украина од следната година ќе извозува оружје: Зеленски најави контролиран извоз на дронови и противтенковско оружје

Украина од следната година ќе извозува оружје: Зеленски најави контролиран извоз на дронови и противтенковско оружје

Украина ќе започне да извозува оружје од следната година, благодарение на домашното производство кое веќе ја надминува побарувачката. Во синоќешната видео порака, претседателот Зеленски нагласи дека први ќе бидат поморските дронови, противтенковското оружје и други видови арсенал што ја снабдуваат фронтовската линија.

Притоа, приоритет останува обезбедувањето на оружје за украинските сили на бојното поле, додека концептот за извоз ќе биде развиен во наредните две недели, со фокус прво кон Соединетите Држави, потоа кон европските партнери и на крај кон други заинтересирани земји.

„Украина нема да го дистрибуира своето оружје како милостина на оние на кои не им е гајле за Украина“, истакна Зеленски, нагласувајќи дека извозот ќе биде контролиран и стратешки насочен.

Escape