ПРВ.мк
Балкан

Српската мафија пред суд: Откриени шокантни детали за плановите за ликвидација на Алибег

Српската мафија пред суд: Откриени шокантни детали за плановите за ликвидација на Алибег

Во судницата денеска беа прочитани пораките од апликацијата „Скај“ кои ја откриваат морничавата позадина на обидот за атентат врз познатиот скопски бизнисмен Алибег. Обвинителството посочи дека зад идејата стои врачарскиот клан, кој внимателно го испланирал секој потег – од логистиката, па сѐ до изведувачите на убиството.

Според објавените пораки, членовите на групата детално расправале за тоа како ќе го изведат нападот, каде ќе се движи целта и кој ќе го притисне чкрапалото. Во пораките дури се открива и паниката меѓу нив кога сфатиле дека планот почнува да се руши.

Судењето предизвика огромно внимание бидејќи за првпат јавноста доби увид во скриените комуникации меѓу криминалните структури, а според адвокатите, овие пораки можат да бидат клучниот доказ за осудителна пресуда.

Escape