ПРВ.мк
Балкан

СЕ ТРЕСЕ РЕГИОНОТ: Нов земјотрес

СЕ ТРЕСЕ РЕГИОНОТ: Нов земјотрес

Во раните утрински часови, Крит, Грција, беше погоден од земјотрес со магнитуда од 4,3 степени. Според информациите од Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC), потресот се случил во 7:01 часот, на околу 41 километар од градот Ретимно. Епицентарот на земјотресот е лоциран на координати 35,08° географска ширина и 24,19° географска должина, додека хипоцентарот е на длабочина од приближно 26 километри под површината на земјата. Иако земјотресот предизвика вознемиреност меѓу жителите, за сега нема извештаи за материјална штета или повредени лица. Надлежните служби активно ја следат ситуацијата и продолжуваат со мониторинг на евентуални последици. Граѓаните се повикуваат на внимателност и да бидат подготвени за можни појави на нови потреси.

Escape