Во координација со меѓународната коалиција предводена од САД, ирачката антитерористичка служба потврди дека во Сирија е ликвидиран високорангиран лидер на Исламската држава.
Станува збор за Омар Абдул Кадер, познат и како Абдул Рахман ал-Халаби, кој бил одговорен за надворешни операции и безбедност на групата. Тој бил вмешан во организирање и надгледување напади во повеќе земји, вклучително бомбашки напад врз иранската амбасада во Либан, како и планирање операции во Европа и САД, кои биле спречени со разузнавачки активности.
Американската Централна команда (CENTCOM) изврши неколку напади врз припадници на ИСИС во Сирија, а официјални лица предупредија дека групата се надева на враќање по падот на сирискиот претседател Башар ал-Асад во декември 2024 година.
Сè уште не е познато дали во акцијата имало цивилни жртви.