ПРВ.мк
Магазин

Кајли Џенер со милиони лајкови за роденденот: Провокативни фотки ја разгореа мрежата

Кајли Џенер со милиони лајкови за роденденот: Провокативни фотки ја разгореа мрежата
Escape

Кајли Џенер го прослави својот 28-ми роденден со серија провокативни фотографии кои преку ноќ собраа милиони лајкови. Реалити ѕвездата и бизнисменка, позната по смелите модни избори, овојпат позираше во бикини топ со машна и хеланки, дополнително истакнувајќи ја својата фигура.

Иако често е мета на критики за изгледот и врската со Тимоти Шаламе, Кајли уште еднаш го привлече вниманието на јавноста. Во коментарите ѝ честитаа бројни пријатели и фанови, меѓу кои и Хејли Бибер, која ѝ порача: „28 е подобро, ти ветувам“.

„Стануваш сè подобра“, „Никогаш не си изгледала подобро“, „Дефинитивно најжешка“ – се само дел од реакциите што ја преплавија објавата, потврдувајќи дека Кајли и на прагот на 30-те е во врвна форма.

Mia Home Mavrovo