Старлетата Станија Добројевиќ е мета на упорното внимание од оженет пејач кој со месеци ѝ испраќа жешки пораки и настојува да ја оддели од нејзиниот долгогодишен партнер, бизнисменот Асмин Ѓурџиќ.
Според извори блиски до неа, пејачот, и покрај тоа што има сопруга и мало дете, се однесува како опседнат и не се откажува од обидите да започне тајна врска со Станија. Неговото контроверзно однесување создава тензии и влијае врз односот на старлетата со Асмин, кој веќе почнал да се сомнева поради пораките што ги добива.
Иако Станија се обидува да го игнорира, ситуацијата се влошува, а таа е подготвена јавно да ја открие вистината ако вознемирувањето продолжи.