Маж облечен во светла облека, со торбичка преку рамото, слегува по скалите, доаѓа до Марко Љубиша Кан и испукува неколку истрели од пиштол.
Тоа се гледа на снимката која излезе во јавноста по обидот за убиство на Марко Љубиша Кан, на базен во рамки на еден хотелски комплекс во Будва.
Видеото го прикажува напаѓачот како се прикрадува по скалите, пука кон Кан и бега покрај базенот.
Љубиша е ранет, но не е животно загрозен.
Според неофицијални информации, Кан бил во пошироко друштво, но пред пукањето останал со Огњен Кажанегра – исто така лице кое во полициските евиденции се води како оперативно интересантно. Тој не бил повреден во нападот.
Кан е познат како безбедносно интересантно лице, чие име со години се појавува во извештаите за криминални случувања на црногорското приморје. Тој тоа го демантирал. Се смета дека е близок до „шкаљарскиот клан“.
Марко Љубиша Кан повеќепати избегал ликвидација
Марко Љубиша Кан и Радоје Звицер, според податоците од црногорското обвинителство, се лути непријатели. Неодамна Звицер беше обвинет дека заедно со Никола Вушевиќ – Џони од Врачар, водач на „врачарскиот клан“ од Белград – ја подготвувал неговата ликвидација.
Во обвинението стои дека средината на 2020 година, Звицер и Вушевиќ во Црна Гора и Србија организирале криминална група чијашто цел била убиството на Кан.
Како директен извршител наводно бил ангажиран Лазар Илиќ, а како помагач – Страхиња Савиќ. Илиќ и Савиќ беа уапсени во јануари 2021 година во Будва, кога црногорската полиција ја спречи ликвидацијата.
Двајцата беа фатени во „ш тек“ стан во Будва и на судењето ја негираа вината.
Меѓутоа, според српската оптужница против Звицер и Вушевиќ, Савиќ по приведувањето веднаш прифатил соработка со црногорската полиција и им го дал својот „Скај“ телефон, поради што тие наводно одлучиле да го ликвидираат и него во затворот во Бијело Поље.
Во планот било предвидено да го отрујат со цијанид кој Звицер го набавил во Бугарија и го предал на луѓето на Вушевиќ.
Во пораките преку „Скај“, според обвинителството, тие договарале како да се „ослободат од доушникот“.
Во својот исказ пред обвинителството, Марко Љубиша Кан рекол дека не му е јасно што имал некој против него, бидејќи тој лично нема ништо против нив. Навел дека последниот обид за негово убиство е само еден во низата.
Во август 2019 година, двајца негови блиски пријатели беа ранети на тераса од локал во Стариот град во Будва, а тој го избегнал нападот за кој тврди дека бил наменет за него.
Пред тоа, како што изјавил, бил ранет двапати – во 2009 и 2013 година, и тоа во Белград.