ПРВ.мк
Македонија

Важни информации за возачите во Македонија: Состојбата на патиштата, гужвите и забраните за товарни возила

Важни информации за возачите во Македонија: Состојбата на патиштата, гужвите и забраните за товарни возила
Escape

Сообраќајот на државните патишта моментално се одвива без проблеми и по суви коловози. Интензитетот на сообраќајот е зголемен, особено надвор од градските средини, поради летните одмори. На Граничниот премин Табановце времето на чекање за влез и излез од државата е околу еден час, додека на останатите премини од македонска страна нема подолги задржувања.

Автомотосојузот на Македонија (АМСМ) препорачува возачите да ја приспособат брзината, да ја почитуваат сообраќајната сигнализација и да бидат внимателни, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што постои опасност од одрони. Ова предупредување е особено важно за делниците: Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Од 1 јули до 31 август е во сила летен временски режим на сообраќај со забрана за движење на тешки товарни возила со маса над 15 тони за време на викендите и при екстремно високи температури. Забраната важи:

  • петок од 17:00 до 22:00 часот,
  • сабота од 09:00 до 18:00 часот,
  • недела од 09:00 до 22:00 часот.

Во денови со екстремна жештина, определени од Министерството за здравство, забраната ќе се применува и од понеделник до четврток, од 11:00 до 17:00 часот.

Од оваа мерка се изземени возилата што превезуваат животни, цвеќе, хуманитарна помош, жито, леснорасипливи производи, нафта и нафтени деривати, опасни материјали, како и возила кои работат на проекти за државните патишта по договор со ЈП за Државни патишта.

Mia Home Mavrovo