Јанко, најпознатиот Колумбиец во Македонија, со својот бенд „Вардаранди“ повторно го освои вниманието на јавноста. Нивните видеа што ги објавуваат на социјалните мрежи собираат илјадници прегледи, а во најновата објава покажаа колку длабоко го чувствуваат македонскиот фолклор.
Во видеото, бендот го изведува култниот хит „Македонско девојче“, додека играорците од легендарниот ансамбл „Танец“ се приклучуваат со традиционален танц, создавајќи уникатна симбиоза на музика и култура.
Јанко го опиша настапот како „наследство во хармонија“ и уште еднаш го докажа својот голем ентузијазам и почит кон македонскиот дух, што беше прекрасно прифатено од публиката.