ПРВ.мк
Македонија

Полицијата со масовна акција во Скопје: Приведени повеќе лица, санкционирани угостителски објекти

Полицијата со масовна акција во Скопје: Приведени повеќе лица, санкционирани угостителски објекти
Escape

Синоќа, во периодот од 18:00 до 02:00 часот, полицијата од СВР Скопје спроведе зајакната акциска контрола за сообраќајна безбедност и одржување на јавниот ред во главниот град.

При контролата се констатирани 99 сообраќајни прекршоци, а 11 возила се подигнати со „пајак“. Две возила се одземени поради предизвикување голема бучава. Приведени се две малолетни лица за утврдување на идентитет, како и четири лица кај кои биле пронајдени наркотични средства.

Во соработка со инспектори за животна средина, извршено е мерење на бучавата во угостителски објекти. Два локали во централното градско подрачје се затекнати со гласна музика и нарушување на јавниот ред, за што им се издадени записници.

Паралелно, во координација со Државниот пазарен инспекторат, спроведена е контрола на документацијата на повеќе угостителски објекти.

Mia Home Mavrovo