Грчката бизнис асоцијација во Република Македонија обезбеди неопходна поддршка за Општата болница во Кочани, како дел од активностите за помош на жртвите од пожарот во дискотеката „Pulse“.
Илијас Цукалас, член на Управниот одбор на Асоцијацијата, ги предаде донираните материјали на директорката на болницата, д-р Катерина Панич-Мирчовска, со цел да се зајакне капацитетот на здравствената установа во справувањето со зголемените потреби на пациентите и нивните семејства погодени од трагедијата.
„Остануваме посветени и подготвени да пружиме дополнителна помош кога и каде што е потребно. Од првиот момент, нашите членови активно помагаат и стоиме во солидарност со заедницата,“ истакнаа од Асоцијацијата.
Оваа донација ја потврдува посветеноста на грчките компании да поддржат локалната заедница во тешки моменти и благодарноста до сите кои учествуваа во хуманитарната акција.