ПРВ.мк
Балкан

Драма на плажа во Грција: Хеликоптер и спасувачка акција по инцидент со деца на SUP даски

Драма на плажа во Грција: Хеликоптер и спасувачка акција по инцидент со деца на SUP даски
Escape

Во петокот, во областа Лимнос во Грција, девет деца на даски за веслање (SUP) беа однесени на отворено море поради силен ветер од 7-8 бофорти. Инцидентот се случи на плажата Плати, пред бројни капачи.

По забележувањето дека децата се далеку од брегот, беше повикана крајбрежната стража која го проценила ризикот и повика хеликоптер „Супер Пума“ за помош. Во спасувачката акција беа вклучени родителите и двајца пливачи, кои исто така се нашле во опасност.

По драматична операција која траеше околу 40 минути, сите деца и возрасни беа спасени. Крајбрежната стража уапси 10 родители и одговорно лице за спасувачите поради изложување на малолетници на опасност, но подоцна сите беа ослободени.

Mia Home Mavrovo