Во близина на Атина, југозападно од градот, избувнал голем пожар кој одзел еден живот и предизвикал евакуација на стотици луѓе. Огнот, поттикнат од силни ветрови, се проширил на неколку села, а во гаснењето учествувале хеликоптери и канадери.
Градоначалникот на едно од погодените места изјавил дека пожарот бил намерно предизвикан — на локацијата била пронајдена гасна боца, а мештаните забележале сомнителна личност на мотор. Околу 400 лица биле спасени, а дел од куќите целосно изгореле.
Пожари исто така беснеат и во централна Грција и на Пелопонез, при што властите предупредуваат на продолжен екстремно висок ризик поради суша и ветрови.