Силно невреме утрово го погоди Сплит и поширокото подрачје, носејќи пороен дожд, грмежи и нагло заладување по неколку дена со температури над 30 степени.
Количеството дожд било огромно – метеоролошката станица при Природонаучното училиште до 10 часот измерила дури 77 литри дожд на квадратен метар. За споредба, просечната количина врнежи за целиот септември на станицата Сплит Марјан изнесува околу 71 литар.
Обилните врнежи предизвикале проблеми со одводната мрежа, а повеќе улици за кратко време се претвориле во реки. На снимките од градот се гледаат автомобили и автобуси кои едвај се движат низ водата, додека дел од возилата останале заглавени.
Проблеми имало и во КБЦ Сплит, каде водата навлегла во новоуредениот простор за физикална терапија. Според информациите од терен, вода избивала од подот, а протекување било забележано и низ ѕидовите и таванот, како и во други делови од болницата.
Пожарникарите објасниле дека при толку интензивни врнежи одводите не можат одеднаш да примат огромно количество вода.
Видео:









