ПРВ.мк
Балкан

Бомба експлодирала пред семејна куќа: Полицијата ја блокираше областа

Бомба експлодирала пред семејна куќа: Полицијата ја блокираше областа

Силна експлозија ги вознемирила жителите на белградската населба Ѕвездара рано утрово, откако експлозивна направа била фрлена во близина на семејна куќа.

Според првичните неофицијални информации, детонацијата одекнала околу три часот по полноќ, додека случајот во полиција бил пријавен околу 3:40 часот.

Во експлозијата, за среќа, нема повредени лица, но е причинета материјална штета. На објектот се забележани оштетувања на фасадата, а настрадале и четири автомобили кои се наоѓале во близина.

По пријавата, на местото пристигнале полициски екипи кои го обезбедиле просторот и започнале увид.

Истражителите собираат докази и ги проверуваат сите околности со цел да утврдат кој ја фрлил експлозивната направа и која била причината за нападот.

Во рамките на истрагата треба да се утврди и точниот тип на експлозивната направа, како и дали конкретната куќа била намерна цел.

Повеќе информации се очекуваат по завршувањето на полицискиот увид и дополнителните проверки.