ПРВ.мк
Балкан

БАКА ПРАСЕ ЈА ИЗЛАЖАЛ ЈАВНОСТА? Полицијата откри што навистина се случило, му се заканува кривична пријава

БАКА ПРАСЕ ЈА ИЗЛАЖАЛ ЈАВНОСТА? Полицијата откри што навистина се случило, му се заканува кривична пријава

Голем пресврт во случајот со познатиот српски јутјубер Бака Прасе, откако српските надлежни институции утврдиле дека информациите за неговото наводно киднапирање и апсење биле невистинити.

По објавите на неговиот инстаграм-профил, во кои се тврдеше дека бил одведен од маскирани лица и уапсен поради наводна поврзаност со „Алта банка“, реагирале Вишото јавно обвинителство во Белград и полицијата.

По извршените проверки било утврдено дека ваквите тврдења не се точни.

Во разговор со полицијата, јутјуберот објаснил дека приказната била дел од снимање видео кое планирал да го објави на својот канал на Јутјуб.

Сепак, ваквиот потег би можел да има сериозни правни последици.

Според соопштението на обвинителството, поради ширење лажни информации кои предизвикале паника во јавноста, против него ќе биде поднесена кривична пријава до Посебното одделение за борба против високотехнолошки криминал.

Пријавата ќе се однесува на сомнение за кривичното дело предизвикување паника и неред.

Со ова се расчистува мистеријата околу наводното исчезнување на познатиот јутјубер, но случајот добива нова правна димензија.