ПРВ.мк
Балкан

МРАЧНА ИСПОВЕД на Анѓелковиќ: Сакав да ме застрелаат! Еве ги деталите

МРАЧНА ИСПОВЕД на Анѓелковиќ: Сакав да ме застрелаат! Еве ги деталите

Според српските медиуми, напаѓачот бил брзо уапсен и при сослушувањето изјавил дека „го нервирале шаторите и заземањето на центарот на градот“ и дека пукал со цел полицијата да го убие.

„Го направив тоа затоа што ме нервираат шаторите. Сакав полицијата да ме застрела, затоа што повеќе не можам да живеам,“ признал Анѓелковиќ по апсењето.

Како што соопшти претседателот на Србија, Александар Вучиќ, напаѓачот поседувал регистрирано огнено оружје од 1993 година, пиштол марка „Црвена застава М99“, а во 2018 година регистрирал уште едно трофејно оружје – пиштол „Мелиор“. Анѓелковиќ е пензиониран од 2009 година, а пред тоа работел 16 години во Државната безбедност.

Според деталите за нападот, осомничениот во Француска улица наполнил канта со бензин, дошол пред парламентот и го полеал кампот, по што пукал неколку куршуми кон бензинот, а потоа и кон Милан Богдановиќ (57).

„Не сакав никого да повредам, само мислев дека полицијата ќе ме упука,“ рекол Анѓелковиќ, додавајќи дека нема психијатриски третман и се смета за ментално здрав.

Ранетиот Богдановиќ е татко на две деца и е во стабилна состојба, а нападот предизвика голема вознемиреност кај учесниците во кампот и јавноста.

Претседателот Вучиќ го нарече инцидентот „ужасен терористички напад врз други лица и туѓ имот“ и најави темелна истрага.

Полицијата го задржува осомничениот во притвор, а обвинителството ќе отвори постапка за обид за убиство и предизвикување општа опасност.

Не дознавај последен - читај ПРВ.мк

Escape