Словенечката влада го усвои новиот закон со кој секој вработен, и во државниот и во приватниот сектор, задолжително ќе добие божиќен бонус од 639 евра, најдоцна до 18 декември.
Бонусот е ослободен од даноци и придонеси, а законот го прави ова трајно право на сите вработени. Компаниите кои се соочуваат со финансиски тешкотии можат да ја одложат исплатата до 31 март 2026 или да исплатат намален износ од 160 евра.
Заменик премиерот Матеј Архон изјави дека целта на законот е „вработените конечно да бидат праведно наградени“. Но дел од работодавачите предупредуваат дека над 20.000 фирми би можеле да имаат проблем со исплатата и бараат бонусот да остане доброволен.
Дали ваков закон треба да се воведе и кај нас?