ПРВ.мк
Балкан

Пензионер пукаше во човек, па го запали шаторот!

Пензионер пукаше во човек, па го запали шаторот!

Министерството за внатрешни работи на Србија денеска потврди дека е уапсен 70-годишен маж осомничен за обид за убиство и предизвикување општа опасност пред српското Собрание. Инцидентот се случил утринава, кога тој влегол во еден од шаторите поставени во близина на Парламентот и испукал неколку куршуми кон 57-годишен маж, кој бил повреден во ногата.

Според полициското соопштение, осомничениот потоа намерно предизвикал пожар во шаторот, при што експлодирала мала плинска боца. Повредениот бил итно пренесен во Ургентниот центар, а полицијата брзо реагирала, го совладала и уапсила напаѓачот.

Од МВР на Србија потврдуваат дека во запалениот шатор не било пронајдено друго оружје, освен она што го донел осомничениот. Тој е задржан до 48 часа, по што ќе биде изведен пред Обвинителството со кривична пријава за обид за убиство, недозволено поседување и тргување со оружје и предизвикување општа опасност.

Полицијата продолжува со истрагата за да ги утврди сите околности и мотиви поврзани со овој напад кој ја вознемири јавноста во Белград.

Escape