ПРВ.мк
Македонија

ДОЗНАЈТЕ кога ќе ги добиете парите од МојДДВ и како да проверите дали сè е во ред!

ДОЗНАЈТЕ кога ќе ги добиете парите од МојДДВ и како да проверите дали сè е во ред!

Средствата собрани преку апликацијата МојДДВ за третиот квартал (јули, август, септември 2025) ќе бидат исплатени најдоцна до 30 ноември 2025, односно 60 дена по завршувањето на кварталниот период.

За да бидете сигурни дека парите ќе ви легнат навреме: • Проверете ја апликацијата МојДДВ за да се уверите дека сите скенирани сметки се евидентирани и прифатени. • Ажурирајте ги вашите банкарски податоци во системот на УЈП, бидејќи најчестиот проблем со исплатата е погрешно внесена или неажурирана трансакциска сметка. • Следете ги официјалните соопштенија од УЈП и апликацијата МојДДВ за најнови информации за исплатата.

Исплатата се врши по обработката на кварталните даночни пријави и се реализира континуирано, односно средствата легнуваат на сметките на граѓаните во текот на ноември, откако ќе бидат обработени сите податоци. Доколку имате точни податоци, средствата ќе ги добиете навреме.

Ако имате проблем со исплатата (на пример, не сте добиле средства од претходни квартали), најверојатно причината е неажурирана или погрешна трансакциска сметка, па проверете ги повторно податоците во апликацијата МојДДВ.

Граѓаните во еден квартал можат да добијат поврат на ДДВ и до 2.100 денари, што значи дека едно четиричлено семејство може да направи поврат од 8.400 денари за еден квартален период.

За купување на македонски производи, повратот е 20% од ДДВ-то, додека за увезени производи изнесува 10%.

Не дознавај последен - читај ПРВ.мк

Escape