Еден Американец од предградие на Кливленд, Охајо, наишол на необична изненадување кога на Амазон купил „нови“ панталони. Сè изгледало во ред додека не ја ставил раката во еден од џебовите – таму пронашол нешто сосема неочекувано.
Наместо вообичаено пакетче за впивање влага, во џебот се наоѓала сметка од пицеријата „Black Crust“ на Исланд, датирана на 20 септември. Тоа значело дека панталоните претходно биле користени илјадници километри далеку, пред да завршат кај него.
Американецот се пошегувал дека некој друг ги носел, отишол на ручек и ја оставил сметката во џебот, а потоа панталоните биле вратени на Амазон како „нови“. Објавата на Фејсбук предизвикала лавина коментари, а некои корисници дури се пошегувале дека сега имаат дополнителен мотив да го посетат Исланд и пицеријата од сметката.
Не дознавај последен- читај ПРВ.мк