ПРВ.мк
Балкан

ПО СМРТТА НА КРИСТИЈАН ПЕРИШ, ПСИХИЈАТАР СО ВАЖНО ОБЈАСНУВАЊЕ: Еве што смеат, а што не смеат да прават медицинските лица

ПО СМРТТА НА КРИСТИЈАН ПЕРИШ, ПСИХИЈАТАР СО ВАЖНО ОБЈАСНУВАЊЕ: Еве што смеат, а што не смеат да прават медицинските лица

Смртта на 32-годишниот Кристијан Јосип Периш, кој на 21 октомври почина во психијатриската болница „Свети Иван“ во Загреб, продолжува да ја потресува хрватската јавност и да отвора сериозни прашања за постапувањето со пациентите.

Четворица медицински техничари се наоѓаат во истражен притвор под сомнение за тешко убиство, додека медицинските и правните експерти предупредуваат дека употребата на физичка сила во психијатриските установи мора да биде строго контролирана.

Психијатарот Жељко Храбар од болницата „Д-р Иван Барбот“ во Поповача, во емисијата „Отворено“ на ХРТ, нагласи дека во ниту една ситуација не е дозволено пациент да биде удиран или да му се притиска перница на лицето.

Тој објасни дека физичкото ограничување на пациентите се применува исклучиво како последна мерка, кога постои сериозна опасност по нивниот живот или безбедноста на другите.

Пред тоа, медицинскиот персонал мора да се обиде да го смири пациентот преку разговор и воспоставување доверба.

Доколку физичкото ограничување е неопходно, постапката се спроведува организирано, под лекарски надзор и со употреба на соодветна медицинска опрема, без удирање и загрозување на дишењето.

Сунчана Роксандиќ, претседателка на Комисијата за заштита на лицата со душевни нарушувања, оцени дека снимките од болницата во Загреб прикажуваат недозволиво постапување.

Таа предупреди дека одговорноста не треба да се разгледува само на индивидуално, туку и на институционално ниво.

Директорот на психијатриската болница Угљан, Младен Мавар, истакна дека пациентите врз кои се применуваат мерки на физичко ограничување мора редовно да бидат надгледувани, со проверки на секои 10 до 15 минути.

Експертите нагласуваат дека во случај на ненадејна или сомнителна смрт задолжително се известува полицијата и се спроведува обдукција.

Истрагата за смртта на Кристијан Периш продолжува, а одговорноста на осомничените треба да биде утврдена во судска постапка.

Најнови вести