ПРВ.мк
Македонија

КАВАДАРЦИ ГИ РЕШАВА БАРАЊАТА НА ГРАЃАНИТЕ: Се подобрува пристапноста во населените места

КАВАДАРЦИ ГИ РЕШАВА БАРАЊАТА НА ГРАЃАНИТЕ: Се подобрува пристапноста во населените места

Општина Кавадарци продолжува со активности за подобрување на локалната инфраструктура и создавање подобри услови за секојдневно движење на граѓаните.

На крак од улицата „12 Другари“ во тек се работи на тампонирање во должина од 150 метри, со што се подобрува пристапноста за жителите на овој дел од градот.

Интервенцијата се реализира по барање на Месната заедница и по остварена средба со граѓани, на која биле посочени конкретните потреби за уредување на улицата.

Градоначалникот Митко Јанчев истакна дека преку непосредна комуникација со граѓаните и постапување по нивните барања, Општината продолжува да ги решава секојдневните инфраструктурни проблеми.

Со ваквите активности се олеснува движењето и се создаваат подобри услови за жителите, а локалната самоуправа ја продолжува практиката на директна соработка со месните заедници.