ПРВ.мк
Црна Хроника

ТАЖНА ВЕСТ ЈА ПОТРЕСЕ МУЗИЧКАТА СЦЕНА: Почина познатиот гитарист и басист

ТАЖНА ВЕСТ ЈА ПОТРЕСЕ МУЗИЧКАТА СЦЕНА: Почина познатиот гитарист и басист

Хрватската музичка сцена остана без уште едно познато име. Почина гитаристот, басист и културен работник Зоран Дрлиќ, роден во 1971 година, кој во текот на својата кариера соработуваше со бројни музички состави.

Тажната вест ја соопшти Хрватската музичка унија, чијашто загрепска подружница со емотивна порака се прости од својот долгогодишен колега и пријател.

Дрлиќ беше познат по својата музичка работа во групите „Филм“, „Радио Луксембург“, „HI FJU“ и „Крешимир Мишак Трио“, каде што настапуваше како гитарист и басист.

Со групата „Радио Луксембург“ во 2012 година ја освои престижната хрватска музичка награда „Порин“ за најдобар нов изведувач.

Покрај музичката кариера, Дрлиќ остави значаен белег и во културниот живот на Загреб.

Тој беше основач на некогашниот Културен центар „Месничка“, кој со години претставуваше важно место за средби, работилници и соработка меѓу музичарите.

Преку својата работа им помагаше на инструменталисти, пејачи и композитори да разменуваат искуства и да развиваат нови проекти.

Од Хрватската музичка унија истакнаа дека ќе го паметат како музичар со широки интереси, посветен пријател и човек кој верувал во заедништвото и развојот на музичката сцена.

Последното испраќање на Зоран Дрлиќ е закажано за понеделник, 16 ноември, во 10:40 часот, во крематориумот на загрепските гробишта Мирогој.

Причината за неговата смрт не е наведена во објавеното соопштение.