ПРВ.мк
Црна Хроника

ВРЕСОЦИ И ПОВРЕДЕНИ НА РИНГИШПИЛ: Сè започнало кога две деца ги прекршиле безбедносните правила (ВИДЕО)

ВРЕСОЦИ И ПОВРЕДЕНИ НА РИНГИШПИЛ: Сè започнало кога две деца ги прекршиле безбедносните правила (ВИДЕО)

Вистинска драма се случила на есенски саем во американската сојузна држава Џорџија, кога возење на рингишпил се претворило во опасен инцидент во кој биле повредени најмалку три лица, меѓу кои и две деца.

Според информациите од американската полиција, за инцидентот се осомничени двајца 13-годишници кои, и покрај предупредувањата од вработените, не ги почитувале безбедносните правила.

Пред почетокот на возењето, тинејџерите биле предупредени дека не смеат да се фаќаат еден за друг и да ги вртат висечките седишта.

Меѓутоа, додека рингишпилот бил во движење, тие наводно почнале да се фаќаат еден за друг, предизвикувајќи силно нишање и судирање на седиштата.

На снимката што се прошири на социјалните мрежи се гледа како патниците неконтролирано се нишаат, додека исплашените посетители ја набљудуваат драматичната ситуација.

Во инцидентот биле повредени најмалку три лица. Една жена поради здобиените повреди била пренесена со брза помош во болница, каде што останала на лекување.

Кристен Марфи, мајка на две деца кои биле на рингишпилот, изјавила дека сцените биле застрашувачки и дека стравувала оти конструкцијата ќе се распадне.

Полицијата во округот Колумбија соопштила дека постојат сомневања оти двајцата тинејџери намерно го предизвикале опасното нишање на седиштата.

Против нив биле поднесени пријави, по што биле предадени на своите родители.

Инцидентот предизвикал бројни реакции и повторно го отворил прашањето за безбедноста на забавните атракции.


Видео: