Дваесет и шестгодишно момче од Охрид било нападнато со дрвени палки од три лица на улица во Струга.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, ОВР Струга поднесе кривична пријава против Р.Р. (25) од струшкото село Тефериќ, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.
Инцидентот се случил на 4 октомври 2026 година, на улицата „Партизанска“ во Струга.
Според полицијата, пријавениот, заедно со уште две други лица, физички го нападнал К.М. (26) од Охрид, користејќи дрвени палки.
По документирањето на случајот, против 25-годишниот осомничен е поднесена кривична пријава.
Во полициското соопштение не се наведени дополнителни информации за причините за нападот, ниту за степенот на повредите на нападнатото момче.







