Вознемирувачки случај е пријавен во Скопје, откако 12-годишно девојче, според пријавата на нејзината мајка, било заклучено против своја волја во автомобил од страна на малолетник.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 13 ноември во 01:00 часот мајката пријавила дека нејзината ќерка претходниот ден, околу 18:00 часот, се оддалечила од семејниот дом и не се вратила.
Подоцна, жената повторно ја известила полицијата дека девојчето се вратило дома во 07:40 часот утрото.
Според пријавеното, 12-годишното девојче, заедно со своја малолетна другарка, претходно се сретнало со неколку малолетници во паркот Сарај.
Во еден момент, еден од малолетниците наводно ја заклучил во патничко возило против нејзината волја.
Тој останал во автомобилот заедно со девојчето и нејзината другарка сè до следното утро.
Случајот бил пријавен во полицијата, која презема мерки за утврдување на сите околности и расчистување на настанот.
Од МВР засега не соопштуваат дали некое лице е приведено, ниту дополнителни детали за случувањата во текот на ноќта.








