ПРВ.мк
Топ Вести

(ВИДЕО) Сирените повторно се огласија – Америка започна нов напад, граѓаните добија итен апел

(ВИДЕО) Сирените повторно се огласија – Америка започна нов напад, граѓаните добија итен апел

Кувајтските вооружени сили соопштија дека пресретнале „непријателски ракети и беспилотни летала“ истрелани од правец на Иран, додека продолжува ескалацијата на конфликтот меѓу Техеран и Вашингтон.

Министерството за енергетика на Кувајт соопшти дека во последните два дена биле нападнати постројки за производство на електрична енергија и за десалинизација на морска вода.

Според властите, нападите предизвикале пожар што го нарушил производството на електрична енергија, а пожарникарските екипи работат на негово локализирање.

Кувајт најголемиот дел од питката вода го обезбедува преку постројки за десалинизација, од кои потекнуваат околу 90 проценти од резервите за водоснабдување.

Во меѓувреме, сирени за воздушна опасност повторно се огласија и во соседен Бахреин, каде Министерството за внатрешни работи ги повика граѓаните да останат смирени и да се засолнат на безбедни места.

И Јордан беше цел на ирански ракетен напад, соопштија јорданските вооружени сили и израелската армија.

Според јорданската војска, три ирански ракети биле пресретнати, додека четвртата паднала во ненаселено подрачје. Засега нема информации за загинати, повредени или за материјална штета.

Сирени за воздушна опасност се огласиле во повеќе делови од земјата, а на снимки објавени на социјалните мрежи се гледа како јорданските системи за противвоздушна одбрана пресретнуваат ракети над Акаба.

Новата ескалација на конфликтот меѓу САД и Иран следува по пропаѓањето на привремениот договор за прекин на огнот и по смртта на американски војници во неодамнешен напад во Јордан.

ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ВИДЕОТО ТУКА