ПРВ.мк
Спорт

(ВИДЕО) ТРАМП ПОВТОРНО ВО ЦЕНТАРОТ НА ВНИМАНИЕТО: Не ја напушти сцената додека шампионите го креваа трофејот, снимката предизвика реакции!

(ВИДЕО) ТРАМП ПОВТОРНО ВО ЦЕНТАРОТ НА ВНИМАНИЕТО: Не ја напушти сцената додека шампионите го креваа трофејот, снимката предизвика реакции!

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно се најде во фокусот на јавноста, овојпат за време на прославата на титулата светски шампион, откако остана на сцената во моментите кога требаше да започне свеченото подигнување на трофејот.

По доделувањето на пехарот на шпанскиот фудбалер Родриго Ернандез Касканте – Родри, според протоколот се очекуваше Трамп и претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, да се повлечат од подиумот и да им го препуштат просторот на новите светски шампиони за нивната голема прослава.

Сепак, ситуацијата не се одвиваше според очекувањата. И покрај обидите на Родри и Инфантино да му укажат дека треба да ја напушти сцената, Трамп одлучи да остане и да застане покрај шпанските фудбалери во моментот на славењето.

Додека Родри го подигнуваше трофејот во атмосфера исполнета со конфети и аплаузи, американскиот претседател стоеше покрај играчите и им честиташе за освоената титула. По завршувањето на свечениот момент, тој конечно се повлече и им овозможи на фудбалерите сами да ја продолжат прославата.

Снимката од сцената брзо се прошири и предизвика бројни реакции кај спортската јавност. Францускиот весник „Л’Екип“ потсети дека ова не е првпат Трамп да направи сличен потег.

Иста ситуација се случи и на минатогодишното Светско клупско првенство, кога тој остана на подиумот додека фудбалерите на Челзи го подигнуваа трофејот. И тогаш неговото присуство во моментот на прославата предизвика поделени реакции кај гледачите и љубителите на фудбалот.

Настанот повторно отвори дискусии околу протоколот на големите спортски церемонии и улогата на државните личности во моментите резервирани за победниците.

ВИДЕО