ПРВ.мк
Црна Хроника

Драма на плажа: Жена удрена од гром додека носела чадор за сонце

Драма на плажа: Жена удрена од гром додека носела чадор за сонце

Драматичен инцидент се случил утрово на островот Крк во Хрватска, каде што жена била погодена од гром за време на невремето што го зафатило подрачјето на Кварнер.

Несреќата се случила околу 7:10 часот на плажата во Башка. Според достапните информации, жената во моментот носела чадор за сонце кога во неа удрил гром.

Спасувачот кој бил на плажата веднаш ѝ укажал прва помош, по што била пренесена со хеликоптер на Итната медицинска служба во Клиничкиот болнички центар во Риека.

Од болницата потврдија дека повредената е хоспитализирана на Одделот за интензивна нега, но засега не се соопштуваат дополнителни информации за нејзината здравствена состојба.

Според неофицијални информации на хрватските медиуми, станува збор за државјанка на Чешка. Надлежните ги повикуваат граѓаните и туристите за време на грмотевици да избегнуваат престој на отворени плажи и други изложени места, бидејќи опасноста од удар од гром може да биде исклучително голема.