ПРВ.мк
Црна Хроника

ХОРОР ВО МАКЕДНИЈА: 13-годишно девојче ја нападнало својата баба и им се заканувало на роднините

ХОРОР ВО МАКЕДНИЈА: 13-годишно девојче ја нападнало својата баба и им се заканувало на роднините

Полицијата во Куманово постапува по пријава за сериозен семеен инцидент, во кој 13-годишно девојче е осомничено дека физички ја нападнало својата 72-годишна баба, а потоа со остар предмет им се заканувало и на други членови на семејството.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен на 18 јули околу 21:30 часот во СВР Куманово.

Според пријавата, настанот се случил во семејниот дом, каде што малолетничката најпрво физички ја нападнала својата баба. Засега не се соопштува какви повреди добила жената, ниту што му претходело на инцидентот.

Во пријавата се наведува и дека девојчето потоа земало остар предмет и упатувало закани кон бабата и кон други членови на семејството, предизвикувајќи страв и вознемиреност.

По пријавата, полициски службеници излегле на местото на настанот и започнале со собирање докази и утврдување на сите околности. За случајот се известени и надлежните институции, кои ќе постапуваат согласно законските процедури што важат кога во настанот е вклучено малолетно лице.