ПРВ.мк
Топ Вести

ЦЕНИТЕ НА НАФТАТА И ГАСОТ РАСТАТ: ЕУ предупредува на нова енергетска криза - еве до колку ќе достигнат!

ЦЕНИТЕ НА НАФТАТА И ГАСОТ РАСТАТ: ЕУ предупредува на нова енергетска криза - еве до колку ќе достигнат!

Европската Унија се соочува со нов притисок врз енергетскиот сектор, откако последиците од војната со Иран почнаа да се чувствуваат на глобалните пазари на нафта и природен гас. Зголемената неизвесност околу снабдувањето повторно ги отвора прашањата за цените на енергенсите и подготовките на Европа за претстојната зима.

Предупредување за состојбата упати еврокомесарот за енергетика Дан Јоргенсен во писмо испратено до министрите за енергетика на земјите-членки. Тој повика на дополнителни мерки со кои би се намалила потрошувачката на гас и електрична енергија, но и би се зајакнала сигурноста на снабдувањето.

„Се соочуваме со ценовна криза која е поврзана со кризата во снабдувањето“, навел Јоргенсен во писмото, во кое се предупредува дека европските земји треба дополнително да се подготват за можни проблеми во наредниот период.

Иако Европската Унија денес е во значително подобра состојба отколку во зимата 2021 година, кога Русија почна да ги намалува испораките на природен гас кон Европа, еврокомесарот смета дека остануваат ризици кои не треба да се занемарат.

Од земјите-членки се бара да разгледаат дополнителни чекори за обезбедување што поголема наполнетост на складиштата со природен гас. Истовремено, се повикува и на намалување на потрошувачката на гас и електрична енергија, со цел да се намали притисокот врз пазарот доколку дојде до дополнителни нарушувања во снабдувањето.

Според Јоргенсен, времетраењето на овие мерки треба да зависи од развојот на состојбата на енергетските пазари, односно од тоа како ќе се движат снабдувањето и цените на енергенсите.

Предупредувањето доаѓа во период на зголемена нестабилност на глобалниот енергетски пазар, при што секое поголемо нарушување на снабдувањето може дополнително да влијае врз цените и трошоците за енергија во европските земји.