Граѓаните на Велес се известуваат дека од понеделник, 28 септември 2026 година, Отсекот за управни работи Велес и Отсекот за оружје Велес привремено ќе бидат дислоцирани во зградата на Секторот за внатрешни работи Велес.
Тоа значи дека приемот на барања, како и издавањето на личните документи, во периодот на привремената дислокација ќе се вршат исклучиво во просториите на Секторот за внатрешни работи Велес.
Граѓаните кои имаат потреба од услугите на овие два отсека треба да ги посетат просториите на СВР Велес.









