Тешка сообраќајна несреќа се случила на магистралниот пат Гостивар–Кичево, на превојот „Стража“, при што едно лице се здобило со тешки телесни повреди, а уште едно лице било повредено.
Несреќата била пријавена на 25 септември 2026 година, во 20:20 часот, во ОВР Кичево.
Според пријавеното, патничко возило „форд“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од 54-годишниот Д.С. од Кичево, излетало од патот и се превртело.
Во несреќата тешки телесни повреди добил возачот Д.С., додека неговата 48-годишна сопатничка С.С., исто така од Кичево, се здобила со телесни повреди.
Повредите кај двајцата биле констатирани во Медицинскиот центар во Кичево.
На местото на несреќата бил извршен увид од увидна екипа од ОВР Кичево.






