ПРВ.мк
Црна Хроника

ИНСПЕКТОРКА ПОД ЛУПА НА МВР: Осомничена дека побарала и примила 250 евра - еве каква казна и следува!

ИНСПЕКТОРКА ПОД ЛУПА НА МВР: Осомничена дека побарала и примила 250 евра - еве каква казна и следува!

Вработена во Агенцијата за храна и ветеринарство била лишена од слобода поради сомнение дека примила поткуп, а против неа е поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје.

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР поднел кривична пријава против Д.М. (42) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „примање поткуп“ по член 357 став 1 од Кривичниот законик.

Според пријавеното, Д.М., која била вработена во Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Северна Македонија како државен инспектор за храна, во периодот од 17 до 25 септември 2026 година, при вршење редовна контрола во правно лице, односно угостителски објект, побарала паричен износ од 250 евра.

Како што соопштува МВР, парите наводно биле побарани како поткуп за да состави записник од извршениот инспекциски надзор во кој ќе биде наведено дека не биле констатирани неправилности во работењето на правниот субјект.

Пријавената, според сомнението, била свесна дека правното лице не ги поседувало процедурите за добра производна храна и добра хигиенска пракса во моментот кога го извршила инспекцискиот надзор.

Наведениот износ од 250 евра бил примен на 25 септември 2026 година, по што на оштетениот му бил предаден и записникот од извршениот инспекциски надзор.

Случајот е пријавен до надлежното Основно јавно обвинителство Скопје, а против Д.М. ќе следи натамошна постапка согласно закон.