ПРВ.мк
Црна Хроника

ПОЛИЦИЈАТА ИНТЕРВЕНИРАШЕ: Жена префрлена во здравствена установа по закани кон ќерката - полицијата со шокантни детали!

ПОЛИЦИЈАТА ИНТЕРВЕНИРАШЕ: Жена префрлена во здравствена установа по закани кон ќерката - полицијата со шокантни детали!

На 25 септември, во 12:38 часот, во СВР Скопје било пријавено дека во семеен дом на подрачјето на општина Кисела Вода дошло до семеен инцидент.

Пријавата ја поднела 20-годишна девојка од Скопје, која навела дека нејзината 49-годишна мајка Д.С. ѝ упатувала закани.

По преземените мерки од страна на надлежните институции, 49-годишната жена била сместена во здравствена установа.

Од страна на надлежните органи се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.