13-годишно момче од Скопје било донесено со повреди во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, откако, според пријавеното, било физички нападнато на подрачјето на општина Аеродром.
Случајот бил пријавен на 25 септември во 15:38 часот во СВР Скопје, откако детето било донесено во болницата со повреди.
Според пријавеното во полицијата, инцидентот се случил околу 12:20 часот, кога 13-годишникот наводно бил физички нападнат од С.Р., кој е родител на негов соученик.
Од СВР Скопје информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.






