62-годишен маж од тетовско село бил лишен од слобода откако самиот се пријавил во Полициската станица Тетово, по претходно објавено видео на социјалните мрежи.
Случајот бил пријавен на 25 септември во 21:45 часот, кога 62-годишникот се пријавил во полициската станица.
По насоки на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово, мажот бил лишен од слобода поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „силување на дете кое не наполнило 15 години“, предвидено во член 188 од Кривичниот законик.
Лицето било задржано во полициска станица за понатамошна постапка, како и за целосно расчистување и документирање на случајот.
По завршувањето на постапката, од МВР најавуваат дека ќе биде поднесена соодветна пријава.






