Во текот на изминатото деноноќие, на повеќе локации низ државата, полициски службеници лишиле од слобода шест лица поради сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“, предвидено во член 297-а од Кривичниот законик.
Според полициските информации, сите шест лица управувале моторни возила без да имаат положено возачки испит.
Од слобода биле лишени Е.И. (29) од село Црвена Вода, Општина Студеничани, Е.С. (30) од Скопје, Б.Р. (30) од село Радуша, Општина Сарај, Ш.С. (25) од село Порој, Тетовско, Б.З. (28) од Тетово и Ф.Т. (23) од Велес, кои возел без возачка дозвола.
По целосното документирање на сите случаи, надлежните служби ќе поднесат соодветни кривични пријави против лицата.






