ПРВ.мк
Топ Вести

Клучен момент за ракометот: Објавен списокот на Македонија за ЕП 2026 - еве кои се на списокот!

Клучен момент за ракометот: Објавен списокот на Македонија за ЕП 2026 - еве кои се на списокот!
Kristal

Селекторот на машката сениорска ракометна репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров, го официјализираше списокот од 19 ракометари на кои ќе смета за настап на претстојното Европско првенство, кое ќе се одржи во Данска, Норвешка и Шведска. Со овој избор, македонскиот национален тим влегува во завршната фаза од подготовките за еден од најголемите предизвици во последните години.

Македонија ќе игра во силна група заедно со кодомаќинот Данска, селекцијата на Португалија и репрезентацијата на Романија. Сите натпревари од групната фаза ќе се одиграат во Хернинг, каде што избраниците на Лазаров ќе се обидат да остават силен впечаток на европската сцена.

На списокот на повикани ракометари се најдоа: Иван Галевски, Петар Атанасијевиќ, Никола Костески, Филип Кузмановски, Игор Ѓорѓиев, Жарко Пешевски, Михаил Аларов, Мартин Велковски, Самоил Ристевски, Никола Митревски, Мартин Томовски, Иван Џонов, Ненад Костески, Марко Митев, Павле Атанасијевиќ, Марко Стојковиќ, Никола Марковски, Мартин Серафимов и Дамјан Митев.

Од стручниот штаб информираат дека, поради моменталната натпреварувачка форма и здравствената состојба, од конечниот список отпаднал Мартин Ивановски, кој беше дел од претходниот подготвителен циклус.

Македонската репрезентација во раните утрински часови заминува за Швајцарија, каде што ќе ја темпира формата преку настап на силниот меѓународен турнир „Жолт куп“. На 8 јануари следува дуел со Бахреин во 20:30 часот, на 9 јануари натпревар против Украина, а генералната проба пред Европското првенство ќе биде судирот со домаќинот Швајцарија на 10 јануари од 18:30 часот.

FixCredit
Escape