ПРВ.мк
Македонија

Божиќниот ручек што ги стопли срцата - Во овој македоснки град се подели ручек на 500 деца!

Божиќниот ручек што ги стопли срцата - Во овој македоснки град се подели ручек на 500 деца!
Kristal

Денеска во Прилеп се одржа традиционалниот Божиќен ручек за околу 500 деца од речиси целата земја. Настанот, под мотото „Едно небо за сите деца“, се организира по 20-ти пат од невладината организација „Детска амбасада за сите деца во светот“, со цел да промовира толеранција, заедништво и прифаќање на различности.

Десетгодишниот Давид Котески од Прилеп порача дека најважното што му треба е љубов, а не материјални подароци.

Александра Северкоска Стојаноски, извршен директор на организацијата, истакна дека на настанот учествуваат деца од различни градови, верски конфесии и целни групи, со цел да се поттикне пријателство и заедништво.

Епископот Велички Никола го благослови ручекот и порача дека возрасните треба да побараат прошка од децата и да работат на создавање подобар свет за идните генерации.

Прилепскиот градоначалник Дејан Проданоски ја изрази поддршката на локалната самоуправа и им подели новогодишни пакетчиња на децата, истакнувајќи дека ваквата детска радост треба да го одбележи целата 2026 година.

На свеченоста беа доделени и плакети и признанија, а годинава Орденот на мирот го доби Гордана Нацева.

FixCredit
Escape