На свет дојде првото бебе во новата година во Кочани – машкото новороденче Миха, родено утрово, 7 јануари, во 2:45 часот, токму на големиот христијански празник Божик.
Бебето се роди на Акушерското одделение при Општата болница во Кочани, тежи 3,5 килограми и е долго 53 сантиметри. Мајката е од Гостивар, но живее во Оризари, а ова е нејзина втора рожба. Породувањето поминало нормално, а мајката се чувствува добро, соопшти специјалист акушер-гинекологот Илчо Атанасовски.
Градоначалникот на Кочани, Владко Грозданов, ја посети мајката и новороденчето, им врачи традиционални подароци и им посака добро здравје и многу среќа.
Миха ја отвори новата година со радост и насмевки за семејството и целата општина.
















